развласи | св.
За власи, волна и сл. ‒ издели на нишки.
развластен | прид.
Што е лишен од власт. Развластена буржоазија.
развласти | св.
Одземе некому власт, лиши од власт. Тие го развластија кнезот.
развлачи | св.
Исчешла волна со гребни. Жената ја развлачи волната.
развлеклив | прид.
Што може да се развлекува. Развлеклива ткаенина.
развлече | св.
а) Со истегнување зголеми димензии на нешто, направи нешто да биде подолго, пошироко. Го развлече тестото со сукалка. Ја развлече устата во кисела насмевка. Таа го развлече тестото на масата.
развлечен | прид.
Глаголска придавка од развлече.
развод | м.
Раскинување на бракот по законски пат, разведување. Таа не побара развод.
разводен | прид.
Што се однесува на развод, на раскинување брак. Разводна постапка.
разводнет | прид.
Глаголска придавка од разводни.