развиорен | прид.
Што се развиорил. Развиорени знамиња. Развиорени емоции.
развиори | св.
Развее, разнесе на сите страни. Ветрот ги развиори завесите на прозорците.
развиска се | св.
Почне да виска. Коњот се развиска.
развитка | св.
Развие, одвитка, одвие нешто завиено. Децата ги развиткаа подароците.
развитли | св.
За снопје ‒ разврзе, одврзе.
развиток | м.
Постепено и постојано преминување од една состојба, етапа во друга, повисока, понапредна. Во неговото дело се следи историскиот и културниот развиток на општеството.
развиши се | св.
Се извиши, се издигне нагоре, нависоко. Крошните на тополата се развишиле.
развладичи | св.
Разреши од чинот владика.
развлажи | св.
Исполни со влага, стане влажен. Силната пареа го развлажи воздухот.
развласен | прид.
За власи, волна и сл. ‒ што е изделено на нишки. Развласена кадела.