разводен | прид.
Што се однесува на развод, на раскинување брак. Разводна постапка.
разводнет | прид.
Глаголска придавка од разводни.
разводни | св.
За течност ‒ со додавање вода направи да стане поредок, послаб; разблажи, разреди. Тој го разводни виното и седна да пие. Разводни го сокот, премногу е благ.
разводник | м.
(воен.) Тој што ја распоредува, распределува стражата. Тој се јави кај разводникот на ноќната стража.
развоен | прид.
Што се однесува на развој и на развиток. Развоен пат. Развоен процес. Развојна линија.
развој | м.
развиток. Тоа е особено важно за духовниот развој на човекот. Предвиден е развој на зафрлените села.
развража (се) | св.
Се раздвижи, се размрда, се растури. Луѓето на станицата се развражаа.
разврат | м.
Полова распуштеност, разблуденост; неморал, непочитување на општествените норми. Во долгите ноќи тој се оддаваше на пијанство и разврат. Тоа е период во кој владееле лицемерството и развратот.
развратен | прид.
Што е оддаден на разврат и похота, разблуден, неморален. Развратен човек.
развратник | м.
Тој што се оддал на разврат, развратен човек.