роса | ж.

Водни капки што напролет и во лето, во вечерните и во утринските часови ги покриваат земјата и растенијата. Утринска роса. Сонцето веќе ја крена росата. Пролетна роса.

росен | прид.

Што е покриен со роса. Росна детелина. Росна трева. Росна ливада. Росно цвеќе. Росен трендафил.

роси | несв.

(само 3 л.) Врне слабо, тивко, пополека. Надвор росеше. Земи чадор, роси! Вчера росеше ситна роса.

роска | несв.

Роси по малку, сосема малку. Почна да роска некаков дробен дожд.

росница | ж.

Вид каша.

роспија | ж.

Блудна жена; ороспија.

Ростов | м.

Град во Русија.

ротација | ж.

Вртење, кружење на некое тело околу својата оска. Ротација на Земјата околу својата оска. Ротација на триаголник.

Ротердам | м.

Пристаништен град во Холандија.