рошка | ж.
Суви гранки, шишарки, деланки и сл. што служат за потпалување оган. Насобра цел товар суви рошки и ги фрли во огнот.
рошка | несв.
Чепка, буричка нешто во тесен простор, обично во џеб и сл. Рошка во торбата. Напразно рошкаше по џебовите, не најде ништо. Рошка по огништето.
рошне | св.
Чепне, буричне. Ќе рошнам во ношвите, ако останало нешто.
рој | м.
Семејство на пчели или на други слични инсекти што се изведени од една матица во иста кошница и што прават одделна заедница. Ројот пчели застана на дрвото. Прифаќањето на ројот се врши уште додека лета или кога ќе застане на некое дрво.
ројак | м.
Млад рој пчели.
ројализам | м.
Приврзаност кон крал и кралска власт како облик на владеење.
ројалист | м.
Приврзаник на кралска власт.
ројалистички | прид.
Што се однесува на ројализам и на ројалист.
'рп | м.
Изговор и бележење на звук што се слуша при кршење суви гранки, при џвакање нешто кревко, цврсто.
'рпа | несв.
Издава звук 'рп, остар и едноличен, обично, при џвакање. 'Рпа зелка. 'Рпа праз.