рондо | ср.

Музичка композиција во која главниот мотив постојано се повторува.

рони | несв.

Одделува зрна од пченка, од од класје и др. Децата ронеа пченка. Со една изроната кочанка тој ги ронеше другите кочани.

ронка | ж.

Сосем мало парченце леб, трошка. По ручекот, ги смете ронките од масата.

ронкарка | ж.

Вид метла за метење ронки.

ронлив | прид.

Што лесно се рони. Ронлив пченкарник. Ронлива земја.

ропот | м.

Незадоволство изразено притаено, тивко, придушен израз на протест, на незадоволство. Се слушаше само претсмртниот ропот на ранетите. Поднесуваше сè без ропот.

ропски | прид.

Што се однесува на роб, што е својствен на роб. Ропски живот. Ропска душа. Ропска покорност.

ропство | ср.

(истор.) Состојба, положба на роб. Укинување на ропството. Повеќевековно ропство.

ропти | несв.

Искажува незадовоство, оддава ропот.

ропче | ср.

Млад роб.