'рпалец | м.
Сува, скршена гранка. Товар 'рпалци.
'рпало | ср.
Заби, тоа со што се 'рпа. Крмакот ја удрил мечката со 'рпалата.
'рпне | св.
Еднаш издаде звук 'рп, обично, при гризење, при џвакање. 'Рпна со забите.
'рс | м.
Изговор и бележење на звук што се слуша при кршење суви гранки, при џвакање и сл.
'рска | несв.
Издава звук 'рс при џвакање, при газење по песок, по снег и сл. Песокта 'рска под чекорите. 'Рска снегот под тешките чизми.
'рскав | прид.
Што 'рска. 'Рскави зрна грозје.
'рскавица | ж.
Тврдо, соединувачко ткиво кај луѓе и кај животни. 'Рскавица на гркланот. На ребрата кај птиците нема ребрена 'рскавица.
'рскавичав | прид.
Што се однесува на 'рскавица, што е со многу 'рскавица. 'Рскавичаво месо.
'рскавичен | прид.
Што е од 'рскавица. 'Рскавична носна преграда. 'Рскавично ткиво.
'рскот | м.
Звук што се слуша при кршење, при дробење и сл. Од небеси грмна 'рскот. Се чу 'рскот од долот. Слушаше 'рскот, лелек и ѕвекот. Татни 'рскот при летните луњи.