'рскоти | несв.

Издава 'рскот. Тапаните 'рскотеа. Суви гранки 'рскотеа под неговите нозе. Планината 'рскоти од експлозии.

'рсне | св.

Издаде звук 'рс при кршење, пр. трескање. Едноподруго 'рснаа десетина бомби. 'Рсна со забите.

рт 1 | м.

Вид ловечко куче. Го поведе 'ртот и тргна на лов.

рт 2 | м.

Тесен, истурен дел од копно што се дига во висина и се пружа во море и сл. Го обиколија 'ртот на карпите. Се движеа кон 'ртот на планината.

’Рт на Добрата Надеж | м.

Најјужната точка на африканскиот континент.

’Рт Хорн | м.

Остров, најјужната точка на јужноамериканскиот континент.

'рти | несв.

За семе ‒ пушта 'ртулци. Посеаното семе напролет ќе 'рти. Во леата бавно 'ртеше засеаното семе.

'ртица | ж.

Женка 'рт. 'Ртицата се окучи

'ртиште | ср.

Место каде што 'рти семето. Две стебленца од едно 'ртише и плодиште.