раздере | св.
Искине на парчиња. При падот ги раздра панталоните на колениците.
раздетини се | св.
Почне да се однесува како дете. На старост се раздетини.
раздига | св.
Дигне некои работи од некаде, расчисти, раскрене. Таа ги раздига расфрлените алишта по собата.
раздигне | св.
раздими | св.
Направи нешто да почне да испушта дим; распали, разгори. Големиот студ ги раздими оџаците на куќите.
раздипли | св.
Развие, развитка, одвие, одвитка нешто свиено, завиено. Таа ја раздипли облеката од куферот. Го раздипли весникот и фати да чита.
раздира (се) | несв.
раздирачки | прид.
Што пронижува, што пара. Раздирачка тага.
раздирлив | прид.
Што пронижува, што пара. Раздирлив крик.
раздобје | ср.
Подолг временски период обележан од некој значаен настан во историјата, науката, уметноста итн.; епоха.