раздол | м.
Место каде што се разделува еден дол во два или повеќе краци.
раздолжи 1 | св.
Ослободи некого од долг, отпише долг некому. Секако дека ќе ти помогнам и ќе те раздолжам.
раздолжи (се) 2 | св.
раздоми | св.
Растури дом некому. Честите преселби од град во град ги раздомија.
раздор | м.
Неслога, расправија. Разликите биле главна причина за раздорот. Раздорот меѓу благородништвото ќе стане пожесток.
раздразлив | прид.
Што лесно се дразни, се лути, се вознемирува. Беше нервозен и раздразлив, му пречеа сите.
раздразнет | прид.
Што се наоѓа во состојба на раздразнетост, вознемиреност, лутина; што изразува раздразнетост. Излезе раздразнет од состанокот. Извесно време тој беше во раздразнета и напрегната состојба. Раздразнет бик. Таа му се обрати со раздразнет глас.
раздразни | св.
Предизвика раздразнетост, вознемиреност, лутина; разлути, разгневи. Нејзината постапка уште повеќе го раздразни.
раздразнувачки | прид.
Што предизвикува дразнење, лутина, гнев. Раздразнувачки разговор.
раздрапа | св.
Со силно чешање разрани некој дел од телото. Местото на убодот го раздрапа, го раскрвави.