разделба | ж.
Моментот на разделување со блиски, збогување. Дојде и денот на разделбата. На разделба ѝ вети дека ќе ѝ пишува.
разделбен | прид.
Што се однесува на разделба. Разделбен час. Разделбена песна.
разделен | прид.
Што содржи две можности кои меѓусебно се исклучуваат; дисјунктивен. Разделна реченица. Разделни сврзници.
раздели | св.
Направи нешто на делови, подели во група. Намислив да го разделам имотот на четири делови. Играчите ги разделија во групи.
разделив | прид.
Што може да се раздели, делив. Разделив број.
разделит | прид.
Само во изразот разделита билка ‒ билка што ги разделува женетите, мажените, заљубените.
разделница | ж.
Разделна линија. Сегашноста е временска разделница меѓу минатото и иднината.
разделувачки | прид.
Што дели, разграничува, разединува. Разделувачка функција. Наместо соединувачки тој претставува разделувачки фактор.
разден | м.
Разденување.
раздени се | св.
Осамне, се развидели, зазори. Штом ќе се раздени, тој ќе дојде повторно. Ноќта нè раздени покрај море.