разладен | прид.

Што служи за разладување. Разладен уред.

разлади | св.

Направи нешто да стане ладно или уште поладно, олади. Супата е многу врела, разлади ја.

разлае се | св.

Почне многу да лае. Доцна во ноќта кучињата се разлајаа.

разлази се | св.

За непроодено дете ‒ почне многу да лази. Детето се разлази по собата барајќи ја играчката.

разлапа се | св.

Почне многу, лакомо да јаде. Кога му седнаа, кога се разлапаа, ништо не остана.

разласка | св.

Почне силно да блеска, да сјае.

разлатен | прид.

Што е плиток и широк. Разлатна чинија. Разлатно тенџере.

разлачи | св.

Раздели, раздвои. Сакаа да ја разлачат од семејството.

разлеан | прид.

Глаголска придавка од разлее.