рапир | м.
(истор.) Меч со двострано сечило и со шилест врв. Тој си го позна рапирот по дршката.
раплав | прид.
За дрво ‒ што е со врги; вргав, врглест, врглав. Раплави стебла.
рапорт | м.
(воен.) а) Отчет, известување, информација, целосен опис за извршена задача или за определена обврска. Секое утро тој поднесуваше рапорт кај водникот. б) Сослушување кај претпоставен по повик или по свое барање. Тие го повикаа на рапорт. Сега е на рапорт кај генералот.
рапортира | св. и несв.
Поднесе, поднесува рапорт, даде, дава отчет по службена должност. Војникот му рапортираше на десетарот. Секое утро рапортира пред шефот.
рапсод | м.
Старогрчки поет и пејач кој патува, обично придружуван со лира. Пееле рапсодите на разни празници.
рапсодичен | прид.
Што има елементи или карактеристики на рапсодија. Рапсодични напеви.
рапсодија | ж.
Песна на рапсод кај Старите Грци.
рапче | ср.
Неколку рапчиња на ракавите.
раритет | м.
Реткост, нешто несекојдневно, што се издвојува по својот квалитет или по некоја друга карактеристика. Овој камен е раритет. Ваквите настани се раритет кај нас.
раритетен | прид.
Редок, исклучителен, малоброен. Раритетни сорти. Раритетна убавина. Раритетен примерок. Раритетен настан.