расипе 1 | св.

а) Доведе во неисправна состојба. Децата го расипаа телевизорот. Тој го расипа компјутерот. б) За храна ‒ стане неупотреблива. Топлото време ја расипа храната. Високите температури го расипаа млекото.

расипе 2 | св.

Исипе нешто, на многу места, истури, растури. Тој го расипа млекото. Детето ги расипа коцките низ собата.

расипикуќа | м.

Лош домаќин што не може да ги доварди домот, семејството, имотот;

расиплив | прид.

Што се расипува лесно, што може да стане неупотреблив. Расиплива стока. Лесно расипливи производи.

расипник | м.

Лице што троши без мерка, што бесцелно и неразумно располага со материјални добра. Мажот беше голем расипник. Тој е голем неранимајко и расипник.

расипнички | прид.

Што е својствен за расипник. Тој има расипнички дух. Расипнички живот.

расипништво | ср.

Трошење без мерка, бесцелно и неразумно располагање со материјални добра. Нема крај на неговото расипништво.

расист | м.

Приврзаник на расизмот; член на расистичко движење.

раситни | св.

Раздели, раздроби на ситни делови; направи да стане нешто на делови. Тој ја раситни земјата во саксиите.