Рас Дашан | м.

Планински врв во Етиопија, Африка.

расеан | прид.

Глаголска придавка од расее. Семето е расеано од ветрот.

расева | несв.

расед | м.

Расцеп, пукнатина во Земјината кора.

раседла | св.

Симне седло или самар од животно; Тој ги раседла коњите и им даде да зобаат.

расее | св.

Растури, исипе на разни страни. Момчето го расеало житото по патот без да сети. Урната ја расеавме по полето.

расек | м.

Прорез, расцеп во должина. Здолниште со расеци отстрана.

расели | св.

Исели на разни места. Тој ги расели сиромашните семејства во приградските населби.