раскинлив | прид.

Што може да се раскине. Раскинлив договор.

раскинувач | м.

Лице што раскинува. Тој е раскинувачот на договорот.

раскинувачка | ж.

Раскинување; На свршувачката не дојде, ама на раскинувачката беше прв.

раскинувачки | прид.

Што раскинува, што се однесува на раскинување. Раскинувачка средба. Раскинувачки состанок.

раскисели | св.

Направи нешто да стане кисело. Таа им ја раскисели салатата со јаболков оцет.

раскисне | св.

Стави нешто да кисне во вода, во течност до размекнување. Таа ги раскисна алиштата во топла вода.

раскити | св.

Отстрани она со што нешто било накитено; Тие ја раскитија елката. Уште вечерта ја раскитија собата.

расклапа | св.

Направи нешто да клапа, да се разлабави, да изгуби цврстина меѓу составните делови: По еден месец ги расклапала чевлите. За една година го расклапа возилото.

расклапан | прид.

Што е клапав, немоќен, тром, дотраен. Расклапана снага. Расклапан маж. Расклапан велосипед.

раскласен | прид.

Глаголска придавка од раскласи.