сеизмички | прид.
Што се однесува на земјотрес, на потресите на земјината кора. Сеизмичка активност.
сеизмичност | ж.
Сеизмичка активност, честотата на земјотресите во една област.
сеизмограма | ж.
Автоматски запис на потресите во земјината кора со помош на сеизмограф.
сеизмограф | м.
Апарат, прибор за автоматско бележење на потресите на земјината кора.
сеизмолог | м.
Специјалист по сеизмологија.
сеизмологија | ж.
Наука што ги проучува потресите на земјината кора.
сеир | м.
Гледање, посматрање.
сеирџија | м.
Лице што гледа, што посматра, што се забавува гледајќи што се случува. Сеирџии колку сакаш.
сек | м.
Расцеп, место каде што е пресечено, засечено. Длабок сек.
сека 1 | несв.
безл. За молскавица: молска, светка, испушта силна светлина. Секаше од сите страни, се подготвуваше да врне.