сека 2 | несв.

секавичен | прид.

Што се извршува многу брзо, молскавично. Секавичен успех. Секавична брзина. Секавичен подем.

секаде | прил.

На секое место, на сите места; насекаде. Секаде те барав. Секаде околу беа ниви. Секаде завладеа мир. Секаде истото.

секако | прил.

Во секој случај, на секој начин, сигурно. Секако ќе дојдеме. Секако ми одговара, како што ќе решите. Секако знаеш што се случува.

секаков | зам. прид.

Најразличен (вид, тип, големина и сл.), севозможен, каков и да е. Секакви болести има по луѓето. Имаше на масата секакви јадења.

секало | ср.

Орудие за секање, за палење огин со помошта на трат и кремен; огнило.

секач | м.

Уред за сечење железо или метал воопшто.

секвенца | ж.

(муз.) Повторување на некој мотив на различни степени од скалата.