секвестар | м.

(прав.) Забрана над имот од страна на органите на власта за да се обезбеди некакво побарување.

секвестратор | м.

Управувач на имот ставен под секвестар.

секвестрација | ж.

(прав.) Наложување на секвестар.

секвестрира | св. и несв.

Наложи, наложува секвестар (кон зн. 1) над нешто.

секвоја | ж.

Иглолисно дрво со огромни размери, расте во Калифорнија; Sequoia.

секи | зам.

секира | ж.

Орудие за сечење или цепење дрва со тешко железно сечило и дрвена рачка. Ја наостри секирата.