секира | несв.
Прави некој да се нервира, да се коси. Ја секира жената за ништо.
секирација | ж.
Неспокојство, вознемиреност, јадосување, загриженост. Од секирација за децата падна болна. Сега имам големи секирации.
секне 1 | несв.
Чисти нос со дување, со секнење. Жената ги бришеше солзите, го секнеше носот и продолжуваше да плаче. Селанецот го брчка челото, го секне носот и воздивнува длабоко.
секне 2 | св.
За извор на вода (извор, кладенец, чешма и сл.) ‒ престане да тече. Изворчињата по незапаметеното сушно лето секнаа. Малите води секнуваат во време на суши.
секне 3 | св.
Удри со секало, огнило во кремен за да фрли искра;
секогаш | прил.
Во секое време, секојпат. Секогаш беше многу внимателен. Секогаш правеше така. Тој секогаш доцни.
секогашен | прид.
Што постои, што го има секогаш, постојан, траен.
секој 1 | зам.
За човек ‒ сите луѓе, кој и да е, еден од нив, или поединечно сите до еден. Секој човек има своја среќа. Секој може да помогне. Секој од вас нека се изјасни поединечно.
секој 2 | зам.
Се однесува на сè, сите поими и предмети. Секое утро. Секој ден оди на пазар.
секојдневен | прид.
Што станува, што се врши секој ден без промена, што се одвива, што се случува секој ден. Секојдневна работа. Секојдневни обврски. Секојдневни разговори.