секојдневие | ср.
Тоа што станува секој ден, секојдневен живот. Грубо секојдневје. Работа му го исполнуваше секојдневието
секојдневица | ж.
секојпат | прил.
секрет 1 | м.
Тоа што се држи во тајност, тајна.
секрет 2 | м.
Тоа што се излачува од некои жлезди. Секретот служи за парализирање на жртвата. Лоен секрет.
секретар | м.
Лице што ги води правните работи во некоја организација, установа, претпријатие и сл., обично правник. Секретар на претпријатието.
секретаријат | м.
Постојан управен оддел на установа, организација и сл. што служи за водење тековни работи од организациски карактер. Секретаријат за законодавство при Владата. Републички секретаријат за култура.
секретарка | ж.
секретар_1
секретарство | ср.
Исполнување на секретарски обврски, секретарска должност.
секретарствува | несв.
Врши секретарска работа.