секретен 1 | прид.
Што се држи во тајност, таен.
секретен 2 | прид.
Што излачува секрет, што е во врска со секрет.; Секретни жлезди.
секреција | ж.
Лачење на секрет. Внатрешна секреција.
секс | м.
Полов живот, полов однос. Сексот како љубовен акт не бил табу во прапочетните времиња.
сексапил | м.
Сексуална привлечност.
сексапилен | прид.
Што е сексуално привлечен.
секси | прид.
Што е сексуално привлечен. Секси девојка.
сексолог | м.
Специјалист по сексологија.
сексологија | ж.
Наука што го проучува половиот живот или половите односи кај човекот.
секстант | м.
Агломерен инструмент што се користи во морепловството и во авијацијата.