селидбен | прид.
Што се однесува на селидба. Селидбени трошоци.
селиште | ср.
Населено место. Таму заселиле ново селиште.
село | ср.
Мало населено место во кое жителите се занимаваат главно со земјоделство и сточарство. Живее на село. Планинско село.
селотејп | м.
Леплива проѕирна лента.
селски | прид.
Што се однесува или што му припаѓа на селото, што е својствен за селото. Селска чешма. Селски атар. Селски говедар.
Селце | ср.
Име на неколку села во Македонија.
селјак | м.
Невоспитан, необразован човек, простак.
Селџук | м.
Припадник на средновековно турско племе, основачи на првата турска држава.
Селџук | м.
Град во Турција.
сем | чест.