семка | ж.
Одделно зрно од семето на некои растенија. Семки од лубеница. Семки од пипер.
семкар | м.
Лице што продава печени семки од тиква.
семожен | прид.
Што е составен од најразлични видови, најразличен; што има најразлични нешта. Семожни шпекулации. Носеше со себе семожни врзулчиња, бали и ќебиња.
семоќ | м.
Неограничена власт, сила.
семоќен | прид.
Што има неограничена сила, моќ, сесилен. Семоќен владар. Семоќни ветрови. Семоќниот бог. Семоќна рака.
семоќник | м.
Лице што има неограничена моќ.
семудар | прид.
Што е најмудар од сите, премудар.
семудрост | ж.
Состојба на тој што е семудар.
семче | ж.
сен 1 | ж.
Сенка. Го следи како сен. Високо дрво сен нема, убава мома род нема. (нар. поез.).