симетрала | ж.
Правец што го дели геометриското тело на два еднакви дела.
симетричен | прид.
Што е по правилата за симетрија, во кој има симетрија. Симетрични линии. Симетрични фигури.
симетрија | ж.
(мат.) Права или рамнина што ја дели геометриската фигура на два еднакви дела; асиметрија. Постојат два вида симетрија: осна и централна.
симид | м.
симина (се) | несв.
симит | м.
Мало лепче од бело брашно со специјално приготвена маја од наут.
симитчија | ж.
Лице што произведува или продава симити.
симне | св.
а) Премести некого или нешто од повисоко на пониско. Тој ги симна книгите од полицата. Старецот ја симна торбата од рамо. Војниците ги симнаа селаните долу во подрумот. б) За поглед, очи, глас и сл. ‒ спушти подолу од претходно. Тој очите не ги симнуваше од неа, толку му се виде убава.
симпатизер | м.
Човек што симпатизира некого, приврзаник. Неколку симпатизери на нашето движење беа испратени на присилна работа. Кметот беше наш симпатизер и работеше по наши директиви. Симпатизери на фудбалскиот клуб „Вардар“.
симпатизира | св. и несв.
Чувствува, има симпатија кон некого или кон нешто. Таа го симпатизира тој пејач. Девојчето сите го сипатизираа.