самак | м.
самар | м.
Направа од дрвени и исполнети меки делови, приспособена на грбот на товарно животно (магаре, коњ и др.) Стар, искинат самар. Тој го обеси ткаеното торбиче на самарот. Девојчето седна на самарот.
самарен | прид.
Што се однесува на самар. Самарна игла. Самарна штица.
самари | св. и несв.
Стави, става самар на животно (коњ, магаре); насамари Дрварите ги самареа добиците и се подготвуваа за тргнување.
самарјанин | м.
Самарјанин, Самарјани м. а) Жител на областа Самарија во стара Палестина. б) Епитет на Исус Христос.
самарјански | прид.
Што се однесува на самарјанин.
самарјанство | ср.
Однесување својствено на самарјанин, милосрдие; милосрдна дејност; човекољубие.
самарџилница | ж.
Дуќан, работилница каде што се изработуваат и се продаваат самари.
самарџиов | прид.
Што му припаѓа на самарџија. Самарџиовото магаре.
самарџија | м.
Тој што изработува и продава самари. Тој работеше како занаетчија, самарџија. Момчето беше чирак кај еден самарџија.