сипкав | прид.
сиплив. Во сува состојба таквата почва е сипкава, сама се распаѓа на одделни честички.
сиплив | прид.
Што се сипе лесно, ронлив;
сир | м.
Тркалесто парче сирење или кашкавал, пита сирење. Еден сир кашкавал. Тој донесе еден сир биено сирење во едно цедилце.
сирак 1 | м.
Дете без еден или без двата родители. Остана сирак и од татко и од мајка.
сирак 2 | м.
Житна зрнеста крма; метла. Главна намена на сиракот е за силажа.
Сиракуза | ж.
Град во Јужна Италија.
сиратка | ж.
сирачка | ж.
За женско лице ‒ сирак.
сирачки | прид.
Што се однесува на сирак. Сирачка судбина. Сирачка свадба.
сирен | прид.
Обично во составот Сирна недела ‒ недела пред Поклади; Бела Недела.