сирена 1 | ж.
Во старо‒грчката митологија ‒ морско суштество: половина девојка половина риба.
сирена 2 | ж.
Уред за давање звучен сигнал. Автомобилска сирена. Фабричка сирена. Писокот на сирените најавуваше воздушен напад.
сиреч | мод.
То ест, имено, заправо.
сирењар | м.
Лице што произведува или што продава сирење.
сирењарница | ж.
Просторија каде што се подготвува или се продава сирење.
сирењарски | прид.
Што се однесува на сирењар и сирењарство.
сирењарство | ср.
Производство на сирење.
сирење 1 | ср.
Вид млечен производ добиен со потсирување и ферментирање на млеко. Младо сирење. Леб и сирење. Овчо сирење. Биено сирење.
сирење 2 | ср.
Глаголска именка од сири.
сири | несв.
Става сириште во млеко за да добие сирење; потсирува. Овчарите го сират млекото.