сириште | ср.
(анат.) Кај преживарите ‒ вистински желудник.
Сирија | ж.
Држава во Азија.
сирница 1 | ж.
Сад во кој се чува млекото пред да се сири.
Сирница 2 | ж.
Сирна недела.
сиромав | м.
Човек што нема доволно средства за живот, беден, скуден, сиромашен. Сиромаси луѓе сме ние, немаме пари да платиме.
сиромав | прид.
Што нема доволно средства, пари за живот, беден; богат. Не беше богат, но не беше ни сиромав.
сиромашен | прид.
Што има скудни средства за живот, сиромав; богат. Човекот бил многу сиромашен, немал пари за леб. Сиромашни селани. Сиромашен студент. Сиромашно дете.
сиромашец | м.
Се исплаши сиромашецот и избега.
сиромаши (се) | несв.
Станува сиромашен, без доволно средства за живот. Луѓето сиромашеа од ден на ден.
сиромашиште | ср.
Пејор. од сиромав. Сиромашишта и тие како нас.