сиротица | ж.

Лице од женски пол без родители или без блиски роднини. Остана сиротица многу мала.

сируп | м.

Густо сварен сок од овошје или сл. и шеќер. Сируп од малина. Јаворов сируп.

сирче | ср.

Едно сирче биено сирење.

систем | м.

Установен ред заснован на делови што прават некоја целина, заснован врз нивните заемни врски и односи. Книгите на полицата беа наредени без ред и систем.

систематизација | ж.

Приведување, подведување на нешто во определен систем. Правилник за систематизација на работните места. Жанровска систематизација. Систематизација на собраниот материјал.

систематизира | св. и несв.

Стави, постави во определен систем. Тој е задолжен да го систематизира собраниот материјал од терен. Бегалците ги систематизираме во неколку групи.

систематика | ж.

Воведување во систем, класификација на предмети, појави и сл.

систематичар | м.

Специјалист по систематика.