сиромашка | ж.

Хип. за жена од сиромав кон зн. Таа беше сиромашка, едвај имаше за леб.

сиромашки | прид.

Што се однесува на сиромав, што му припаѓа на сиромав. Сиромашка куќа.

сиромаштија | ж.

Состојба на скудност, немање доволно средства за живот. Живееше во крајна сиромаштија. Војната носи сиромаштија. Настанаа времиња на глад и сиромаштија.

сиропиталиште | ср.

Дом за згрижување деца без родители, напуштени или сиромашни деца.

сироса се | св.

За крв, млеко и сл. ‒ се згусне, се стврдне; се засири. Млекото се сироса. Тука, на подот , се сироса неговата крв.

сиросан | прид.

За крв, млеко и сл. ‒ што се засирил.

сирота | ж.

За жена ‒ сиромашна. Сиротата дојде уште изутрина на работа.

сиротен | прид.

Сиротен крај. Сиротна жена.