систематичен | прид.
Што работи по опрделен систем, што се придржува за определен систем.
систематски | прид.
Што се извршува по определен ред, по определен систем, што е постојан, доследен. Систематско учење. Систематската работа дава резултати. Систематска културно-просветна пропаганда. Систематски преглед на учениците.
системен | прид.
системски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на систем. Системска грешка.
систола | ж.
Собирање, стегање на срцевиот мускул, при што доаѓа до исфрлање крв од срцевите комори во крвните садови.
сит | прид.
Што не е гладен, што се заситил со храна, што не чувствува глад; гладен. Децата беа сити. Сит сум до гуша.
ситар | м.
Лице што прави сита.
ситен | прид.
Што се состои од мали еднородни делови; крупен, јадар. Ситен дожд. Ситна сол. Ситен добиток. Ситен песок.
ситенце | ср.
ситест | прид.
Што е како сито. Ситеста површина.