скаса се | св.

Одеднаш почне заемно да се каса. Кучињата одеднаш се скасаа.

скастри | св.

Отсече гранки, врвови на дрво, искастри, поткастри. Ги скастри гранките на вишната што удираа во прозорецот.

скаут | м.

Припадник на скаутска, извидничка организација, извидник.

скафандер | м.

Едноделна облека со опрема за дишење наменета за нуркачи.

скашка | св.

Направи нешто да биде нечисто, извалка. Детето ги скашкало новите чевли цапајќи по калта.

скај | м.

Вештачка кожа за изработка на мебел, чевли, чанти и др.

сквер | м.

Мал јавен парк, најчесто среде плоштад во големи градови. Се разминаа на широкиот сквер под мостот.

сквернави | несв.

Во религијата ‒ наруши чистота на нешто. Неверниците го сквернавеа храмот божји.