скапнат | прид.

скапотија | ж.

Високо ниво на цените; Фати голема скапотија. На оваа скапотија ништо не стасува.

скапоцен | прид.

Што чини многу пари, многу скап. Скапоцени предмети. Скапоцено оружје од рачна изработка. Скапоцено крзно. Скапоцен бисерен ѓердан.

скапчија | м.

Трговец што продава скапо, што држи цена на тоа што го продава.

скара | ж.

Метална направа во вид на сплосната решетка за печење месо. Скара на ќумур. Во дворот направивме скара.

скара | св.

Предизвика недоразбирање, караница меѓу две или повеќе лица. Братучедот подло ги скара браќата. Таа работа ги скара двајцата пријатели засекогаш.

скарлатина | ж.

Тешка заразна болест (обично кај децата) со карактеристичен посип по кожата;

скарувачка | ж.

Караница, кавга.