сквичи | св.
Наеднаш почне да квичи; Прасињата сквичија. Тој сквичи од болка.
скворец | м.
скеларина | ж.
Данок или такса за преминување река со скеле.
скеле | ср.
Привремена метална или дрвена конструкција што се поставува при градба или поправка покрај градежен објект. Ѕидарите најпрвин го поставија скелето.
скелет | м.
(анат.) Сите коски во телото на човек или на животно што ја сочинуваат основата која го држи телото и на која се прикрепени мускулите. Човечки скелет. Скелет на мачка. Под урнатините најдоа делови од скелет.
скелетен | прид.
Што се однесува на скелет. Скелетна конструкција.
скелеџија | м.
Лице што управува со скеле, што пренесува луѓе и стоки со скеле.
скемлија | ж.
Стол, клупа.
скендер | м.
Диво и стрмно место; стрмно место со вода и природни водопади.
скенер | м.
Уред за скенирање, читање или испитување на нешто; оптички читач.