скенира | св. и несв.

Пренесува слика, текст и др. во комјутер со помош на скенер, т.е. оптички читач.

скепар | м.

Секира, тесла. Дојдоа луѓето со мистрии, со лопати, со чекани и скепари готови да градат.

скепса | ж.

Сомнеж, недоверба, Гледаше со скепса.

скептик | м.

Приврзаник на скептицизмот 2. Лице што се однесува со недоверба и сомневање. По природа беше скептик.

скептицизам | м.

(филоз.) Правец во филозофијата чијшто основен принцип е сомневањето во можноста да се спознае објективната вистина.

скептичен | прид.

Што е проникнат со скептицизам 2. Скептичен однос.

скептички | прид.

Што се однесува, што припаѓа на скептицизам Скептичка школа.

скерле | прид.

Што е многу несмасен.

скерцо | ср.

Мало музичко дело во живо темпо; дел од поголемо музичко дело.