скеч | м.
Мало драмско дело со шеговита содржина, едночинка во која се маркира една случка или епизода
скимне (ми) | св.
Падне случајно на ум некоја мисла, желба; текне. Ѕидаат куќи кому каде ќе му скимне.
скинат | прид.
Глаголска придавка од скине.
скинатина | ж.
Место (на облека и др.) каде што е скинато. Скинатина на панталони.
скине | св.
Направи нешто да биде на парчиња, на два или повеќе дела; кине Таа го скина конецот. Тој го прочита писмото двапати и го скина.
скинувачка | ж.
Скинување. Ова јаже нема скинувачка.
скипи | св.
Дојде во состојба на вриење. Водата скипе, тури ги корите да се варат.
скипне | св.
За вода ‒ спадне, опадне, се намали протокот. Наеднаш водата скипна и ние поминавме преку реката.
скиптар | м.
Царски жезол со бесценети камење и резба.
скиселен | прид.
Глаголска придавка од скисели.