скобуст | м.
Вид риба во Охридското Езеро; Chondostroma nasus Ochridanum.
скова | св.
скован | прид.
Здрвен, неподвижен. Со скован поглед. Скован во пранги.
скове | св.
Направи со ковење. Скова остра сабја.
скоевец | м.
Член на СКОЈ ‒ Сојуз на комунистичката младина на Југославија.
скожури се | св.
Добие кожурец, се завие во кожурец.
скожурчи се | св.
скозна | прид.
За коза ‒ која носи плод во утробата.
скок | изв.
Извик при скокање, поттикнување на скок.
скок | м.
а) Отфрлање на телото во воздух или во далечина и преминување од едно место на друго со ненадеен напор на мускулите на нозете. Момчето во еден скок се најде до вратата. Со секој нов скок беше поблиску до целта. Волци со скокови се ближеа. б) (спорт.) Низа од спортски дисциплини во скокање. Скок во далечина. Скок во вода. Скок во височина. Скок со стап.