скока | несв.
Прави движење со скок, се движи со скокање; потскокнува. Децата скокаа на една нога. Играорците скокаат во ритмот на музиката. Кутрето радосно скокаше околу девојчето. Птиците скокаа од гранче на гранче. Пајтонот скокаше по калдрмата.
скокалиште | ср.
Место од каде се скока, на пример во некои спортови.
скокалница | ж.
Спортски објект, место од каде што се изведуваат скокови со скии.
скокало | ср.
Место во река каде што скока водата од камен на камен.
скокалче | ср.
Мало камено, стаклено или железно топче со кое децата си играат; џамлија. Децата играа со скокалчиња.
скокач | м.
а) Лице што скока. б) Натпреварувач во спортска дисциплина што се изведува со скок. Скокачите во вода настапија први.
скокле | ср.
Човек (почесто дете) или мало животно што многу скока.
скоклест | прид.
Што е многу висок и има долги нозе. Комшиското дете беше едно скоклесто момче со долг врат.
скоклив | прид.
Што сака да скока. Скокливо јаре. Тој беше скоклив на од. Скокливи бубалки.
скокне | св.
Направи движење со скок. Патниците во паничен страв скокнале од запалениот брод. Скокна од креветот и почна да се облекува. Таа скокна од столот. Војникот скокна на нозе и застана во став мирно. Песот скокна на парчето месо.