склопитен | прид.
Што може да се склопува. Склопитно ноже.
склопка | ж.
Уред за автоматско исклучување и вклучување на електрично коло, прекинувач.
склопчи се | св.
Се свие во клопче седнат или легнат. Се склопчи како змија отровница. Се склопчи под јорганот. Детето се склопчи во скутот на мајката. Се склопчив, колениците и брадата ги составив.
склоца | св.
Наеднаш почне да клоца. Склоцал коњот и го фрлил јавачот на земја. Само склоца неколку пати и издиша.
склука | св.
Одеднаш почне да тропа; клука 3. Некој склука на портата.
склупца | ж.
Направа за фаќање глувци. Глушецот в склупца не може да ја промени својата судбина.
склупчи се | св.
склучен | прид.
За веѓи, раце и сл. ‒ составен, соединет. Склучени раце. Склучени веѓи.
склучи | св.
Состави краишта на две нешта што се наоѓаат близу; склопи. Тој имаше болки во стомакот и затоа ги склучи нозете. Старата ги склучи рацете и остана да чека што ќе се случи. Ги склучи колената крај фотелјата.
скобичка | ж.
Метална плочка на чевел.