скрибоман | м.

Човек што пишува многу и не многу критички.

скрибоманија | ж.

Појава на некритичко пишување литературни и други дела без поголема вредност.

скривалиште | ср.

Место каде што може нешто да се скрие; Во сокачињата бараше скривалиште. Ги остави парите во скривалиштето во ѕидот зад вратата. Скривалиштата личеа на колиби покриени со широки лопатести лисја.

скриви | св.

Направи нешто недозволено, што не е во согласност со нормите на однесување. Многу сум му скривил на татко ми. Што си скривил сега?

скривница | ж.

Место, изграден објект, засолниште во случај на војна или елементарна непогода. Атомска скривница. Подземна скривница од воздушни напади.

скрие | св.

Направи да биде незабележливо, невидливо, прикриено. Тој ја скри пушката во една грмушка. Таа го скри писмото во фиоката. Облаците го скрија сонцето. Старата го скри лицето со рацете и заплака.

скриен | прид.

Глаголска придавка од скрие (се). Беше скриен меѓу гредите.

скрипец 1 | м.

Направа за дигање тешки предмети, макара.

скрипец 2 | м.

Вид тревно растение; 1; Silene vulgaris.

скрипта | ж.

Предавања на професор умножени на фотокопир, компјутерски и сл., за потребите на студентите при полагање испит.