слепило | ср.
Потполн или делумен, привремен или траен недостаток, немање вид. Слепилото настанало како последица на зголемен шеќер во крвта.
слепо | прил.
Без да гледа каде оди. Оди на слепо.
слепок | м.
Вид влекач сличен на змија, гуштер без нозе; Anguis fragilis.
слепоочен | прид.
Што се однесува на слепото око. Слепоочна коска. Слепоочен мускул.
слепоочник | м.
слепоочница | ж.
Место меѓу веѓата и горниот крај на увото. Го удри со рачката од четката по левата слепоочница. На десната страна над слепоочницата на невестата ѝ се клава низа со пет сребрени пари.
слепороден | прид.
Што е слеп по раѓање. Слепородено дете.
слепост | ж.
Состојба на тој што е слеп.
слепота | ж.
слепотија | ж.