слик | м.
слика | несв.
Создава, црта слика со молив, туш, бои и сл. Тој слика мртва природа. Во слободните часови сликам.
слика | ж.
Уметничко дело изработено во боја на платно, хартија, картон, стакло и сл. Слика во масло на платно. Неговата последна слика достигна висока цена.
сликар | м.
Ликовен уметник. Сликар на пејзажи (портрети, мртва природа). Академски сликар.
сликарница | ж.
Просторија, место, дуќан, во која се чуваат или се продаваат слики.
сликарство | ср.
Гранка на ликовната уметност што ги предава, претставува предметите и појавите со помош на бои. Ѕидно сликарство. Средновековно сликарство.
сликовен | прид.
Што е составен од слики, и што содржи слики. Сликовен материјал. Сликовна композиција.
сликовит | прид.
Што е јасен, изразит, живописен; што се претставува, што се прикажува преку слики, што е како слика. Сликовит начин на изразување. Сликовит стил. Сликовит говор. Сликовит приказ. Сликовит предел.
сликовница | ж.
Книга со слики, обично за деца. Имав една стара сликовница со многу животни нацртани во неа. Сликовница со народната приказна мома Злата Позлатена".
слимук | м.