сметеник | м.
Збунет човек.
сметиште | ср.
Место каде што се фрла смет, ѓубре; буниште. Патиштата беа заглотени со сметишта.
сметка | св.
Сплетка, замрси. Ги сметка конците.
сметка | ж.
Белешка, писмен документ, потврда за продадена стока или сторена услуга, со назначено количество, цена и вкупен износ што треба да се плати или е платен; фактура. Продавачот му ја донесе сметката за купените продукти. Келнерот ја донесе сметката за вечерата. Ја плати сметката за струја.
сметкаџиски | прид.
Што се однесува на сметкаџија и сметкаџика. Сметкаџиски муабети. Сметкаџиска политика.
сметкаџиство | ср.
Особина, постапка на сметкаџија.
сметкаџија | м.
Човек што не прави ништо без сметка, без да има лична полза. Сметкаџии и злобници колку да сакаш, ги има на секој чекор.
сметковен | прид.
Што се однесува на сметка. Сметковна операција.
сметководен | прид.
Што се однесува на сметководство. Сметководни книги.
сметководител | м.
Лице што се занимава со сметководство.