смесник | м.

Мешано, помешано брашно.

смести | св.

Постави, прибере нешто на определено место. Стоката ја сместивме во магацинот. Тој ги смести јаболката од годинашнава берба во визбата.

смет | м.

Отпадоци што се фрлаат; ѓубре. Комунален смет. Канта за смет.

смета | несв.

Работи со броеви, пресметува со броеви. Детето научи да смета до сто. Тој смета напамет. Во стариот век разни народи го сметале времето на свој начин.

сметалка | ж.

Направа со дрвени или пластични зрна од која се учи сметање во подготвителната настава.

сметанка | ж.

Учебник по математика во почетните одделенија од наставата.

сметач | м.

Човек што умее добро да смета.

смете 1 | св.

Со метење отстрани смет, ѓубре. Снаата го смете ѓубрето од собата. Таа го смете дворот.

смете 2 | св.

Збуни, збрка некого. Со дополнителните прашања, учителката го смете детето.

сметен | прид.

Што е збркан, збунет. Сметен селанец. Питачот сметен стоеше со испружена рака.