сметководителски | прид.

Што се однесува на сметководител. Сметководителски курсеви.

сметководствен | прид.

Што се однесува на сметководство. Сметководствени пресметки.

сметководство | ср.

Посебна организациска единица што се занимава со системно книжење и следење на сите видови промени и состојби во имотот и работата на стопанската организација (книговодство, пресметка на производството, благајна, ликвидатура, финансиска статистика, финансиско планирање и др.). Води сметководство на две фирми.

сметкополагач | м.

Лице што полага сметка пред официјален орган.

сметкопотврда | ж.

Белешка со која се потврдува купување на некоја стока во готово.

сметкорасписка | ж.

Расписка за платена сметка.

смеурија | ж.

Весела приказна, смешна работа; смеа. Децата од тоа направија вистинска смеурија.

смеша | св.

Соедини, измеша две или повеќе работи во едно. Ги смешал старото и новото вино. За оваа торта смешај ги сите состојки одеднаш. Го смешал стариот и новиот грав.

смешен | прид.

Што предизвикува смеа со својата содржина или со својата појава, забавен, комичен. Смешна случка. Смешен настан. Смешен човек. Смешни движења. Двајцата се во многу смешна, дури комична положба.

смешка | ж.

Весела приказна, шега. Тој цела вечер правеше смешки и ги забавуваше сите. Прави смешки на своја сметка.