смисли | св.
Со мислење дојде до оформена мисла, заклучок, решение и сл. Ученикот смисли две сложени реченици. Кумот смисли три имиња за бебето. Организаторот смисли уште една награда во тој момент. Татко ми го смисли планот за ова собиче. Старата смисли решение за проблемот.
смисловен | прид.
Што се однесува на смислата, на внатрешната содржина на нешто, на неговото значење. Смисловна нијанса. Смисловна врска. Смисловни односи. Смисловна мотивираност.
смлачи | св.
Направи да биде млако, загрее до определена температура; замлачи. Го смлачи млекото. Смлачи ја супата.
смог | м.
Загаден воздух создаден со испуштање согорливи материи (нафтени деривати, чад, јаглерод диоксид и сл.) кој поради густа магла или ладни слоеви воздух не може да се крене нагоре. Градот беше покриен со смог.
смогне | св.
Дојде во можност, е во состојба да направи, да постигне нешто, да успее во нешто. Смогна да се скрие. Смогнав да седнам на столчето. Ништо не смогна да каже. Не смогна да го крене товарот.
смок | м.
Вид неотровна змија со долго тело, одозгора црна, а на стомакот жолтеникава; Coluber flavescens. Црн смок. Долги смокови
смоква | ж.
Суптропско овошно дрво со ниско и разгрането стебло, со дебели, заоблени и светлозелени листови и мали, зелени, тркалезни или долгнавести плодови со сочно црвено месо и многу ситни, жолтеникави семки; Ficus carica. На брегот растеше смоква. Застанаа под сенката на смоквата.
смокварник | м.
Место што е обраснато или насадено со смокви. Зад куќата се простираше голем смокварник.
смоквен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на смоква. Смоквина градина. Смоквини дрвја
смокинг | м.
Свечено машко палто, обично од црн штоф, со длабок изрез на градите и со ревери опшиени со свила. Црн смокинг.