смилоса се | св.
Добие боја на смил поради болест. Се смилосал во лицето.
смилостиви (се) | св.
смирен | прид.
Што е покорен, скромен, незлобен. Смирен карактер. Набожна, кротка и смирна старица. Смирна и блага душа.
смирен | прид.
Што е исполнет со мир, со спокојство; сталожен. Смирен човек. Смирената толпа полека се разотидуваше. Смирен живот. Со смирени чувства влезе во салата.
смири | св.
Направи некој да стане мирен, скроти. Ги смири децата со неколку чоколатца.
смириса | св.
Почне наеднаш да мириса на нешто, нешто да пушта мирис. Наеднаш смириса на изгорено.
Смирна | ж.
Старо име за Измир
смирувачки | прид.
Што смирува, успокојува. Смирувачки поглед. Смирувачки жубор на потокот.
смисла | ж.
Внатрешна логична содржина на нешто, значење. Смислата на романот. Во поширока смисла. Во буквална смисла. Во позитивна смисла.
смислен | прид.
Што е однапред обмислен, планиран. Смислено убиство. Смислена и стрплива борба.Смислена провокација.