советодавец | м.
Тој што дава совети, советник. Лош советодавец.
советски | прид.
Што се однесува на СССР. Советски републики. Советска армија.
Советски Сојуз | м.
Некогашна држава во Европа и Азија, скр. СССР.
советува | несв.
Дава некаков совет. Мајката постојано ги советуваше своите деца. Лекарот ме советува да продолжам со терапијата. Го советував да се откаже од патувањето.
советувалиште | ср.
Установа каде што се даваат совети од специјалисти за различни проблеми. Советувалиште за млади.
советување | ср.
Глаголска именка од советува (се).
совица | ж.
Вид инсект, штетник, што ги напаѓа култивираните растенија. Зелкова совица. Памукова совица.
совлада | св.
а) Победи, надвие во борба. Лесно го совлада противникот. Со здружени сили го совладаа непријателот. б) Победи, надвие во спортски натпревар. Нашата екипа ја совлада гостинската со три гола разлика. Ја совладавме првопласираната екипа на табелата.
совладлив | прид.
Што може да се совлада, да се надвие. Совладлива пречка. Совладлив материјал.
совпадлив | прид.
Што се совпаѓа, што се случува истовремено со нешто друго. Совпадливи термини за настава.