собрат | м.

Другар по професија, по судбина. Мислеше на своите собраќа во затворот. Тој му беше собрат по перо.

собуди | св.

разбуди.

собуе | св.

Симне, извади од нозете чорапи или обувки. Ги собу чевлите и зачекори боса. Ги собу мокрите чорапи.

совалка | ж.

Дрвена направа со која се внесува јатокот низ основата при ткаење. Ја гледаше како ја вовира совалката во основата.

совесен | прид.

Што постапува според совеста; справедлив, чесен. Совесен службеник. Совесни граѓани.

совест | ж.

Чувство за морална одговорност за сопствените постапки. Човек без совест. Работеше според својата совест.

совет | м.

Укажување, поука, предлог како да се постапи во определен случај. Лекарски совет. Адвокатски совет. Пријателски совети.

советник | м.

Тој што советува, што дава совети. Добар советник. Правен советник.

советодавен | прид.

Што дава совети. Советодавен орган.